Загреб сo сите екс-вардарци во Битола
Екипите на Еурофарм Пелистер и Загреб вечерва ќе го одиграат последниот овогодишен натпревар во Лигата на шампионите и со тоа ќе ја спуштат завесата од есенската полусезона во елитата.
Хрватскиот Загреб гостува во Битола со моќен тим, и тројца екс-вардарци, Дибиров, Чупиќ и Моралес, кои знаат како е да се победи пред таква атмосфера.