ЗАБНА НОМЕНКЛАТУРА

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.

Забното обележување е многу битен ден од системот на комуникација, со цел олеснување на пишувањето во разни формулари, картони, компјутери и избегнување на долгото објаснување за забот и неговата положба, сооднос и слично, за брзо кратко и јасно комуницирање.

Во тој контекст во ова поглавје накратко и само од аспект на овој предмет, ќе биде опфатено обележувањето на забите:

  • – Терминологија на деловите на забот:
  • Забна коронка – corona dentis
  • Забен корен – radix dentis
  • Врв на коренот – apex radix dentis
  • Забен врат – collum cervix dentis
  • – Терминологија на страните на забите:
  • Кај предните заби на секоја коронка има 4 страни, лабијална (свртена кон усните), орална (свртена кон cavum oris), апроксимални (мезијално и дистално односно страните со кој секој заб е свртен кон соседниот заб), инцизален раб.
  • Кај бочните заби секоја коронка ги има следните страни, букална (надворешната страна свртена кон образот), палатинална (кај горните заби е страната што е свртена на кај непцето, а на долните страната што е свртена на кај јазикот), оклузална (гризната односно џвакалната површина), апроксимални страни (мезијална и дистална).
  • – Терминологија на составните делови на забот: глеѓ (со која е покриена коронката на забот се до пределот на забниот врат), дентин (се наоѓа под глеѓта и цементот по целата должина на работ), цемент(со која е обвиткан забниот корен), канал на коренот на забот (во коренскиот дел на забот), кавум на пулпата (шуплината која го исполнува коронарниот дел на забот под дентинот ).
  • – Терминологија на правци: пулпално, апикално, аксијално, апроксимално, мезијално и дистално.

31.03.2024 Битола