ЗАБЕН КАРИЕС – CARIES DENTIS

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.

Забниот кариес е една од најчестите заболувања на цивилизираниот свет. Процес кој доведува до деминерализација и деструкција на калцифицираното забно ткиво, со неможност за регенерација. Постојат периоди на висока продукција на киселини кои се одговорни за самата деминерализација и деструкција на забното ткиво, чие што нетретирање резултира со прогресивно губење на забот и евентуална афекција на забната пулпа. Заедничката структура се состои од една компактна маса во која се наоѓаат и бактерии – плак чија метаболична активност е способна за создавање на кариес и периодонтално заболување. Општо кажано кариозниот процес се одвива во два правци: загуба на Ca под дејство на киселините и растворање на преостанатото забно ткиво – под дејство на бактериските ферменти, на тој начин еднаш започнатиот кариозен процес продолжува зафаќајки ги поединечно сите забни структури на различен начин.

Од сето ова како главен увод е фактот дека растот и развитокот на плакот е нормален феномен во устата, патогеноста може да настапи или да зависи од повеќе фактори како резистентноста на пациентот, исхраната, оралната хигиена, состојбата на забалото, составот на оралната флора. За сите овие фактори подетално ќе читате во следната статија.