За дрска кражба лишeн од слобода Б.В.(24) од Битола
На 14.12.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „дрска кражба“, го лишиле од слобода Б.В.(24) од Битола. Имено, Б.В. се сомничи дека извршил дрска кражба на ранец во кој имало повеќе лични документи и пари, исто полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, го лишиле од слобода Ѓ.М.(35) од Битола. Тој се сомничи дека од магацински простор на здравствена установа во Битола одзел повеќе средства за хигиена. Со двајцата биле извршени службени разговори, при што ги признале делата, а одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По документирање на настаните против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.