ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО
Ексклузивен автор за Конзули.мк: М-р Даниела Трајковски за Безбедносни Науки.
Врсничко насилство познато како bullyng не треба да се занемари, да се препушти на пубертетот , туку треба сериозно да се сфати и да се реагира веднаш, да не се чека.
За врсничкото насилство нема една универзална дефиниција. Тоа претставува насилно негативно однесување од страна на еден ученик или група ученици врз еден ученик кој има помалку сила. Целат е да се наштети, да се заплаши, послабиот односно злоставуваниот. Врсничкото насилство не е расправија или несогласување или пријателска шега, туку се одвива подолг период или трајно врз жртвата која како што кажав е помалку силна. Со вршењето врсничко насилство, ученикот (жртвата) е изложен на потсмев, заплашување, и низа негативни постапки.
Врсничкото насилство се врши на неколку начини:
Физичко, со удирање, туркање, влечење за коса, земање на туѓи предмети и нивно уништување.
Вербално насилство се врши преку упатување на коментари со навреди, закани, потсмевање, нарекување со погрдни поими и слично. Малтретирањето во реалниот свет може да се пласира на Интернет односно паралелно да се врши во реалниот свет и сајбер просторот. Исто така под врсничко насилство спаѓа и навредувањето и омаловажувањето по етничка, религиска основа, по основ на пол и род, социјален статус, раса.
Психолошко насилство се врши со правење на гримаси, заканувачки погледи, исмевање и сл.
Дигитално насилство (cyberbulling) насилство со пласирање на невистини, коментари, слики преку средтсвата за електронска комуникација (телефони, лаптопови, таблети).
Социјално насилство претставува исклучување од групата, изолирање, ширење на гласини и дезинформации, омаловажување пред останатите врсници итн.
Најчесто злоупотребувачите доаѓаат од семејства во што се врши семејно насилство, каде што има постојани расправии, родителот или двата родители се склони кон алкохол или корисници на дрога, децата најчесто се занемарени од родителите поради најразлични причини, воспитувани се преку насилство (најчеста фраза е ќотекот доаѓа од рајот или така растат децата со ќотек).
Злоупотребувачите некогаш и самите биле жртви на врсничко насилство.
Децата кои се жртви се срамежливи, повлечени деца, деца со ниска самодоверба, ученици кои се истакнуваат кои се надарени и се истакнуваат, деца физички послаби, деца кои се исфрлени од друштвото, деца од понизок социјален и економски статус итн. Жртвите тешко се одлучуваат да го пријават насилството поради срам од самиот чин на насилство и исмевање, страв од злоставувачот и недоверба во надлежните во училиштето или полицијата.
Како последица на Врсничкото насилство , кај жртвата може да се јави анаксиозност и нервоза, слаб апетит, несоница, раздразливост. Како последица на врсничко насилство е и намалување на успехот во училиштето и бегање од училиште, изолирање, депресија, суицидни мисли (во голем број случаеви жртвите на врсничко насилство и извршиле самоубиство), плачење, одбивање да се разговара, некажува каде му се одредени предмети и зошто е нервозен/на. Детето може да доаѓа со уништени предмети и уништена облека дури и гладно затоа што некој му ја изел ужинката или му ги украл парите за ужинка. Жртвата има немотивираност, отсутсност намалена концентрација.
Врсничкото насилство може да се спречи преку најразлични начини како што се:
Зајакната комуникација помеѓу родителите и училиштето, соработка на училиштето и полицијата преку најразлични кампањи, едукативни предавања на учениците, но и на радителите. Училишен полицаец. Понатаму кампањи од невладиниот сектор, со училиштето и полицијата, медуимски кампањи итн. Поттикнување на учениците жртви на врсничко насилство да пријават кај надлежните во училиштето, кај родителите и во полиција.
Најважна улога имаат родителите, тие се тие што треба да знаат каде им се движи детето, да влеат доверба кај детето да каже за секоја негативна работа што му случува на детето.
01.02.2024 Битола