Враќање на Духот на Битолската Чаршија – Музички Фестивал на Староградска Музика

Битола – градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, со себе носи многу приказни кои се раскажувале некогаш, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик, така, како што времето ја креирало својата сегашност, на начин, на кој што се создавала историјата.Старата битолска чаршија, било местото на еснафот на градот. Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух на 16 ти и 17 ти август ќе се одржи фестивал на Староградска музика и тоа тоа по седми пат. Одлична староградска музика,малку Македонски шлагери ќе бидат приоритет за сите, заедно да го вратиме духот на битолската чаршија.

петок 16.08:

Битолски тамбураши

Група ДЕСПИНА

Тамара Стојковска

Николче Зацески

Бојан Стојков

сабота 17.08:

Тамара Стојковска

КУД Илинден

НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ

БОЕМИ

Спонзори на фестивалот се: BAS – Biznis Akademija Smilevski, Vemilk, Admiral Casino, BV Inzenering, JK Travel.