Во патничко возило Алфа Ромео и во угостителски објект во Битола била пронајдена и одземена прашкаста материја

На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.12.2023 околу 22.45 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.Л.(35) и Ј.П.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Г.Л. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.