Во казино во Битола со остар предмет повредeн Р.К.(27) од Е.А.(27)
Денеска (09.12.2023) во 00.10 часот во СВР Битола, Ј.Т.(29) од Битола пријавил дека на ул.„Даме Груев” бил физички нападнат од Д.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.12.2023 во 02.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Битола, поради тоа што на 07.12.2023 во казино во Битола со остар предмет го повредил Р.К.(27) од Битола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.