Во кафуле во Битола четворица битолчани фатени со дрога под масата

СВР Битола соопшти 

На 06.06.2024 во 19.05 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода З.А.(37), Ј.Б.(53), Г.П.(36) и М.Б.(45), сите од Битола, затоа што во близина на М.Б., под масата каде што седеле, била пронајдено пакување со бела прашкаста материја. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.