Велигденски награди за најдобрите ликовни творби во ОУ Даме Груев -Битола (Фото)

Се одржа настан по повод Велигден и доделување на наградите на најдобрите ликовни творби од сите училишта. Учениците од германската секција подготвија активности, презентации, музички точки и ,,фонтана” со цвеќиња во која учествуваа сите присутни ученици од основните училишта Коле Канински, Елпида Караманди, Стив Наумов, Гоце Делчев, Тодор Ангелевски, а како гости беа и учениците од СОЕУ Јане Сандански Битола. Огромна благодарност до Гордана Такец за донацијата за наградите за наградените ученици, а посебна благодарност до нашата директорка за целосната поддршка на овој проект. Frohe Ostern ви честитаат учениците од германската секција со наставничките Данијела Босилковска и Симеона Павловска.