Утре света хиротонија на неговото Високопреподобие Архимандритот г. Никола во Епископ Велички во храм св. вмч. Димитриј
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастир – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички. Достоен!
Хиротонијата ќе биде утре (Недела) 21.01.2024 во храм св. вмч. Димитриј со почеток на утринска богослужба во 07:00ч. и Божествена Литургија со почеток во 09:00ч.
Ве повикуваме сите верни на заедничка молитва каде што ќе биде хиротонисан Ново-наречениот епископ Никола Велички.