Утре е Богојавление Водици – Неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 19 јануари 2024 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.