Меѓународен „Еден на Еден – Могила куп“: 1200 деца, 72 екипи, 156 натпревари, Фудбалски празник! (Фото)
Трет меѓународен „Еден на Еден – Могила куп“: Големи очекувања и фудбалско возбудување.
Со гордост фудбалската школа „Еден на Еден” од Могила го организира третиот меѓународен „Еден на Еден куп“, на фудбалскиот стадион Димко Сарванов Могилчето, во периодот од 14ти до 16 ти јуни. Спортската манифестација ќе биде вистински празник на фудбалот, со учество на 72 екипи и повеќе од 1200 деца во различни возрасни категории.
Со огромна амбиција и ентузијазам, учесниците од генерацијата од 2011 до 2016 година ќе се претстават на терените, на престижниот „Еден на Еден – Могила куп“. Во престојните три денови, публиката ќе има можност да ужива во 156 спектакуларни натпревари, исполнети со фудбалско возбудување.
Натпреварите ќе бидат од 2х15 минути, фудбалските таленти ќе имаат можност да го покажат својот потенцијал и вештини пред публиката и судиите. Организаторите на „Еден на Еден-Могила куп“ гарантираат динамичен и предизвикувачки фудбалски спектакл, кој ќе ги остави сите присутни без зборови.
Со оглед на големиот број на учесници и квалитетот на натпреварите, „Еден на Еден-Могила куп“ дефинитивно е настан кој не смее да се пропушти. Сите се поканети да го проследат овој фудбалски спектакл и да ги поддржат младите фудбалски звезди во нивната спортска приказна.
Ова е повеќе од само турнир – тоа е искуство, заедништво и приказна која ќе остане запаметена во срцата на сите учесници и гледачи. Нека живее фудбалот, нека живее „Еден на Еден-Могила куп“!