СВР Битола продолжи со контролите во областа на сообраќајот, исто нова пријава за каснување од куче во Боримечка

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (04.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 51 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за непрописно паркирање, две санкции за управување под дејство на алкохол…

На 04.12.2023 во 10.40 часот во СВР Битола, Р.С.(50) од Битола пријавил дека во населба „Боримечка“ бил каснат од куче скитник.