СВР Битола: При контролата во угостителски објект затекнати две малолетни лица после 24 часот, едно под дејство на алкохол
На 10.12.2023 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица во угостителските објекти во Битола. При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Во текот на изминатата вечер (09/10.12.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи. Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола по 2 во Ресен ,Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци.