СВР Битола поднесе кривична пријава против В.М.(23) за производство и пуштање во промет наркотични дроги
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.М.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Пријавениот, бил затекнат при продажба на кокаин, по што на 15.09.2023 бил извршен претрес во неговиот дом и бил пронајден и одземен кокаин.