СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник заради сомнение за „разбојништво”
Денеска ( 13.12.2023) во 03.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ. Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.