СТОМАТОЛОШКА ЕДУКАЦИЈА НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.
Важен сегмент во оваа промоција на самата едукација опфаќа методи и мерки за спречување или стопирање на заболувањата (детерминирање на вредностите на индексот на оралната хигиена, гингивална инфламација и гингиворагија).
Терапевтските пристапи на оралните заболувања водат кон нивно подобрување откако ќе се манифестира заболувањето. Основна задача и цел на стоматолошката едукација е да се укаже на причинителите на заболувањата на забите и меките ткива, начини и можности за нивно спречување, потоа неопходност од правилна и редовна примена на хигиенски навики, редуцирана употреба на рафинирани јаглени хидрати и секако значењето на правилната примиена на фруор препаратите заедно со редовни посети кај својот стоматолог. На тој начин секој човек е одговорен за своето орално здравје па така и за здравјето на своите деца.
Одговорноста за намалување на кариесот се препишува на редовната употреба на флуорирани пасти за заби, плакначи за уста како и други препарати за топикална употреба.
Стоматолошката едикација ги опфаќа следниве групи:
- Деца од претшколска возраст
- Деца од школска возраст
- Трудници
- Возрасни
Болестите на устата и забите можат да предизвикаат болка, нарушувања на џвакањето и говорот, како и психолошки проблеми и може да имаат долгорочен негативен ефект врз целокупното здравје и благосостојба. Повеќето орални болести и состојби споделуваат заеднички фактори на ризик со водечките незаразни болести (кардиоваскуларни заболувања, малигни заболувања, хронични респираторни заболувања и дијабетес).
10.02.2024 Битола