Службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.Ѓ. (19) била пронајдени и одземена марихуана

На 28.11.2023 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(19) од с.Канино, битолско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2023 во 19.30 часот на ул.„Стрчин“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(24) и Д.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.