Словенец пријавил физички напад во угостителски објект во Битола
Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи. Од нив, 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.
На 18.11.2023 во 10.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, А.Ј.(24) од Швајцарија, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
На 19.11.2023 во 08.00 чaсот во СВР Битола, Д.Л.(32) од Словенија, со живеалиште во с.Ивањевци, пријавил дека околу 04.00 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од И.„Н“. Се работи на расчистување на случајот.