Семејно насилство врз жени
Ексклузивен автор за Конзули.мк: М-р Даниела Трајковски за Безбедносни Науки.
Семејното насилство е еден сериозен и глобален проблем и предизвикува штетни последици врз поединци, врз целото семјство како и врз општеството.
Често за семејното насилство се вели дека е приватен проблем, но тоа не е така, напротив семејното насилство е проблем на целата заедница, целото општество и не тагира секој од нас. Насилникот е насилник а не приватност.
Уште пред да објаснам што е семјно насилство морам да кажам дека жртвата воопшто не е виновна што е жртва, и дека онаа стара изрека ,,Сама си го одбра него за сопруг,, е целосно неиздржана затоа што никој никого не бира за да биде малтретиран на било кој начин. Премногу е тешко да се прифати дури и на сама себе да се признае а потоа и на другите, фактот дека човекот што сте го избрале за животен сопатник, во кого имате доверба, со кого ја планирате целата иднина, кренал рака на вас. Затоа жената – жртва не треба да се осудува .
Семејното насилство е социјален проблем кој остава последици не само врз поединци и поединци кои се изложени на него, но и на безбедноста и благосостојбата на целата заедница. Тоа е и јавно здравствен проблем, оставајќи не само физички, туку и длабоки психолошки последици, а неговото решавање бара определен мултисекторски пристап. Исто така, тоа е направено овде за феномен кој произлегува од длабоко вкоренети родови базирани предрасуди и стереотипи за што говори фактот дека мнозинството жртви се жени, додека сторителите се претежно мажи. Но покрај социјален и безбедносен е и јавно здравствен проблем, оставајќи не само физички, туку и длабоки психолошки последици, а неговото решавање бара определен мултисекторски пристап. Исто така, тоа е направено овде за феномен кој произлегува од длабоко вкоренети родови базирани предрасуди и стереотипи за што говори фактот дека мнозинството жртви се жени, додека сторителите се претежно мажи.
Жените низ годините наназад секогаш биле жртви на семејно насилство, убиства, сексуални деликти. Насилството над жените се одвивало како од дома од страна на нивните татковци, браќа и сопрузи така и надвор, од најразлични прилини, како патријархално воспитување, закоравени сваќања, економски, политички, па во текот на војната кога да се силува жена на воениот непријател е триумф посебно ако дојде до забременување итн. Особено семејно насилство кое ескалирало со убиство врз жена е за време на војните на територијата на ЕКС Југославија во 90 тите години, во мешаните бракови. Жените се жртви на сите видови насилство затоа што жената е физички и емотивно послаба во однос на мажот. И денес сме сведоци на секојдневни настани а и денес постојат тие патријархално сваќања дека жената е ,,за туѓа куќа,, и денес жените немаат поддршка од страна на семејството кога сопругот врши насилство врз неа.
Семејното насилство е дефинирано во македонското законодавство и тоа во: Законот за семејство, Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за социјална заштита и Кривичниот Законик.
Според одредбите на Законот за Семејство во Република Македонија , под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв. Семејното насилство најчесто се одвива во семејниот дом т.е семејната заедница, од страна на брачен другар, вонбрачен другар, врз деца добиени во брак или надвор од брак врз родители, помеѓу браќа и сестри и полубраќа, полусестри, членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.
Некои поединци семејно насилство трпат целиот свој живот, од раното детство до длабока старост а според голем број истражувања најбројни жртви на семејно насилство се жени, а според истражувањата направени во Република Македонија на ниво на целата територија во државата, податоците кои што се добиени се застрашувачки , па така согласно истите, дури секоја 4-та жена барем еднаш во животот била жртва на семејно насилство од ваков вид.
Насилството над жените и девојчињата е најчест облик на кршење на човековите права. Насилството врз жените извршено од нивните интимни партнери обично останува непријавено во полиција, тоа е трајно, широко распространето, засновано на традиционални механизми на обвинување на жртвата и засновано на социјални стереотипи. Многу жени остануваат во маѓепсан круг на насилство бидејќи не располагаат со доволно ресурси и знаење за тоа како да пристапат и да ги остварат своите права.
Семејното насилство се дели на: Физичко, психолошко, економско и сексуално.
Физичкото насилство претставува најеклатантен пример на насилството што се врши врз жените , кое за разлика од психичкото и сексуалното насилство, најчесто е видливо и забележливо за другите луѓе. Физичкото насилство претставува „употреба на физичка сила или закана дека ќе биде употребена физичка сила спрема жената. Во однос на другите видови насилство, физичкото насилство е најлесно да се докаже, затоа што, по правило, станува збор за предизвикување видливи повреди. Но, постоење видливи повреди на телото на жртвата не се единствениот показател за физичкото насилство. Во физичко насилство спаѓа, удирање шамар, удирање бокс, давење, удирање со предмети, употреба на пиштол, нож и друг остар предмет, фрлање предмети, удар со колено, грубо потегнување, врзување, удирање по ѕидови и врати, следење на партнерот, уништување на нејзини работи, уништување и кинење на нејзина облека, заклучување на партнерот дома, принудна употреба на супстанци (дрога и алкохол) лишување на партнерот од потребните лекови, вмешување и контрола во задоволување на основните физички потреби на партнерот (на пример храна или спиење) итн.
Под психолошко смејено насилство се подразибира: вербални закани, понижување на партнерот пред семејството, пријателите или други луѓе, љубомора и обвинување за неверство, злоупотреба или закана за повредување на децата на жртвата, дури и кога намерата е емоционална штета врз партнерот преку децата закана на насилникот дека ќе се повреди самиот, навредување и употреба на навредливи и вулгарни зборови, критикување и деградирање на жртвата, викање со цел да ја заплаши жртва.
Психичкото насилство го загрозува менталното здравје или спокојството на жената од и најчесто се третира како индикатор или придружник на други форми на насилство. Секоја форма на нечесно, несовесно и злонамерно однесување, што довело до кршење на психолошкиот интегритет, менталното здравје или спокојството на еден член во семејството треба да се квалификува како семејно насилство.
Под сексуално насилство се подрзабира; присилување на сексуален однос , обид за присила или друг вид на сексуална активност, сексуално вознемирување, како ,,дофрлање” или било кој облик на сексуална активност (на пр. допирање, милување, љубење) против волјата на другата личност во случајов жената, присилување на секс, силување. Употреба на сила или грубост за присилен секс, силување со употреба на предмет одбивање на барањето на партнерот за секс со заштита. Сексуално насилство е секое дејствие на сексуален акт и сексуално вознемирување врз жената без дадена согласност.
Сексуалното насилство се смета за специфична форма на насилство поради тоа што предизвикува специфични последици за жртвата.
Економското насилство денес е се почесто застапено поради тоа што жените, не се доволно свесни дека се жртви на овој вид на семејно насилство, па така живеат на овој начин со години, се додека не сфатат дека се финансиски и економски злоупотребени најчесто од страна на нивните партнери .
Економско насилство се подразбира; забрана на жената да работи, загрозување на вработувањето на жената, преку креирање конфликтни ситуации на работа, закани да не оди на работа поради повреди или принудена злоупотреба на супстанци, контролирање на придонесите, сметки во банка и заедничката сопственост, барање на сметките на партнерот за сите пари што ги троши, одземање на кредитни картички, пари и др. фалсификување на потписот на партнерот непромислени трошоци и финансиско задолжување, уништување на нејзин имот.
Мажот постигнува долготрајно насилство над жената преку:
ИЗОЛАЦИЈА: Со различни методи ја изолира жената од семејството, пријателите, надворешниот свет… Изолацијата има повеќе форми: исклучување телефон, заклучување жени, навредување пред пријатели, одземање документи…
МОМЕНТИ НА „НЕЖНОСТ“: Мажот има моменти кога е љубезен и нежен до следниот чин на насилство. И купува цвеќиња, парфеми, ја носи на прошетка, купува подароци за децата, и дава бакнеж… Со тоа позитивно однесување и ветувања и дава надеж на жената дека ќе се промени. Со текот на времето, овие моменти стануваат се поретки.
ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА: Целта на насилникот е контрола врз жената. Насилникот најчесто се позиционира како врховен контролор кој одлучува во сите ситуации кога е во прашање животот на жената. Тој одлучува што да прави, што да каже, што да мисли, кога да се јави, колку пари и требаат. Таа обично мора да му одговара за се што прави. Тој ја означува оваа контрола како негова љубов и грижа за неа.
ЗАЛАШУВАЊЕ: Една од успешните техники за контрола. Насилникот ја постигнува контролата преку постојано заплашување: ќе ти ја запалам косата, ќе те фрлам од покривот, ќе те исечам на парчиња, ќе те најдам каде и да одиш… Овие закани често се однесуваат на деца или луѓе блиски до тебе: родители или сестри и браќа.
Жените во голем број случаеви не го пријавуваат насилството поради,
Табу и „трпи и ќути“
Очигледно е дека во повеќето случаи жртви на семејно насилство се жени. Затоа не изненадуваат предупредувањата на експертите од областа на менталното здравје, дека жените кои се ментално и сексуално малтретирани се повеќе склони кон депресија, замор, нервоза, недостаток на концентрација што понекогаш доведува до самоубиство, што е уште едно табу и а тема за која многу малку се зборува.
Не е невообичаено жртвите да останат во насилна врска бидејќи не се финансиски стабилни, иако има и примери кога жените остануваат поради чиста манипулација на нивните партнери. Голем број жени остануваат затоа што се плашат од проценката на околината или немаат поддршка од своите најблиски или не гледаат можност за избор. Ова е особено изразено во руралните средини каде жените се учат да живеат според принципот „молчи и трпи“.
Токму културата на непријавување сè уште постои, така што овие жени се претежно оставени сами да се снаоѓаат. Времето покажа дека дури и луѓето кои се сведоци на насилство ретко се одлучуваат да поднесат жалба, туку го следат мотото дека „не е нивна работа“, што придонесува жената уште повеќе да се затвора себеси и да ги прекине социјалните контакти, често поради чувство на срам, особено ако има изречени физички повреди кои би можеле да сведочат за насилство, со што доаѓаме до стигматизација од една страна, а од друга, патријархалност, која сè уште е доминантна, барем во нашите општества на Балканот, која претставува уште едно табу.
Стравот од насилниците, срамот поради искусеното насилство, стравот од осуда од блиските, неповолната економска состојба и недовербата во институциите се главните причини поради кои жените не пријавуваат семејно насилство. Она што би ги поттикнало жените да пријават насилство е поддршката од семејството и пријателите, институциите, како и финансиската поддршка
Најчесто причини за да мажот врши насилство врз жената.
Најчесто причини се: љубомора, ментални нарушувања, нарцисоидна и психопатска структура на личноста, алкохолизам, зависност од дрога. Жртвите на семејно насилство се најранливи во својот дом, каде што треба да се чувствуваат безбедно, го губат животот.
Жените се изложени на висок ризик од фемицид поради секундарната злоупотреба што ја трпат. Последиците од тортурата што ја трпат женските жртви доведуваат до целосен колапс на личноста, слободата и интегритетот, жртвата престанува да се чувствува и го губи искуството да биде личност. Ужасите и заканата од губење на идентитетот што ги доживуваат жртвите во стручната литература се нарекуваат искуство на „ментална смрт“.
Општеството, заедницата, животната средина можат да придонесат за намалување на насилството, но можат да го поттикнат и со ширење омраза кон жените преку социјалните мрежи, известувањето од таблоиди и пораките испратени од истакнати поединци на јавниот простор. Во основата на насилството врз жените е омразата кон жените.
Превенцијата за спречување на семејно насилство е во надлежност на: Министерството за Труд и Социјална политика, Министерство за Внатрешни работи, Министерство за Правда, Министерство за Образование и наука, Министерство за Здравство, Невладин сектор, Центри и здруженија за згрижување на жени жртви на семејно насилство и секако СОС линиите.
08.02.2024 Битола