Се е тоа за човек
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска – Поетеса
Се е тоа за човек…
Убав мој човеку
И летот и падот
И излезот и влезот
И насмевката и солзата
И радоста и недостигот
Се е тоа за човек
И храброста и ранливоста
И победата и губењето
И љубовта и лутината
Се е тоа дел од нас убав мој човеку
Дел од нашата несовршеност и еден дел од сјајот на Божјата совршеност!
Се е тоа
Во пакетот на животот
Во посланието на мисијата
Во повикот на будноста
Се е тоа за човек
Убав мој човеку
Ако денес се прашував за многу нешта, ако размислуваш предолго за некои нешта, ако се двоумиш пред некои одлуки, ако се повлекуваш од некои ситуации, ако си се разочарал од некои луѓе, не плаши се да исповедаш дека се е тоа за човек, за тебе и за мене!
Не плаши се
Раскажи ми
Со почит и љубов Марија.