Разоткријте ги длабочините на првата љубов – Приказни од срцето

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска – Поетеса

Да се вратиме…
Ајде убав мој човеку
Да се вратиме, на првата љубов да се потсетиме, низ нејзините длабочини да поминеме, до вечер да останеме, и утре ако го имаме со неа да продолжиме!

Ајде да се вратиме на вистинското јас да се облечеме, да го пуштиме светот лажен во кој гледавме, таа илузија од екраните да ја фрлиме, во зборот кој како меч продира да се впуштиме, пред прозорот на надежта да останеме, од изворот на верата да се напиеме!

Ајде да се вратиме, доста со незадоволство секој чекор го одиме, доста со не благодарност секоја реченица во срцето ја завршуваме, доста со споредба утробата ја разбрануваме, доста на крадецот му дозволивме! Ајде да се вратиме на вистината, на вечноста, на убавината, во прегратката, не чека круната и љубовта!
Со почит и љубов Марија!