Расветлени два случаи за примање поткуп во Битола
Како резултат на работата на терен од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, во поглед на вкупниот криминалитет, констатирана е поволна состојба во делот на вкупни кривични дела на подрачјето на Битола, односно зголемена реализација во однос на минатата година.
Зголемената ефикасност на работењето на криминалистичката полицијата на СВР Битола во Битола за овие 10 месеци резултира со зголемена реализација во борбата против криминалот.
Во делот на кривичните дела од економски криминал, бројот на поднесени кривични пријави од економски криминал бележи зголемување во ефикасноста на расветлување и поднесување на пријави за 50% споредбено со минатата 2022 година, односно за 10 месеци од 2023 година во крим полицијата на СВР Битола биле пријавени вкупно 76 кривични за кои се поднесени 45 кривични пријави против 52 сторители.
Како карактеристично дело во Битола ќе го издвоиме „примање поткуп“, а за 10 месеци пријавени се две кривични дела, при што истите се експресно реализирани од страна на криминалистичката полиција и поднесени се две кривични пријави против двајца сторители.
Во поглед на нелегалната сеча и транспорт на дрвна маса, на подрачјето наСВР Битола, извршени се вкупно 211 акциски контроли и 4333 редовни контроли, при што одземени биле 132,94 м3 дрва. Поднесени се 8 кривични пријави за сторени 10 кривични дела по чл.235 ст.3, чл.353 и чл.284-а од КЗ, против 9 сторители.