Промоција во Битола на книгата ,,Заклетва” денес од 20:30 часот во Везилка

На 29-ти март, денес со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата ,,Заклетва”, напишана од бранителите кои ја бранеа нашата и единствена Македонија во војната од 2001 година.

Ова е неопходен настан што го означува почетокот на ново литературно патување, но и време за враќање во спомените од тие тешки денови. Авторите на книгата, вистински херои на нашето време, со секоја страница ја испреплетиле својата заклетва, својот пат, и својата борба за Македонија.

Во ова време на предизвици, книгата ,,Заклетва” не претставува само литературно дело, туку и своевидно сведочење за македонската историја и јунаштво на оние кои ја чуваат нашата земја.

Придружете се во ,,Везилка” вечер од 20:30 часот и купете го ова литературно дело и сведочење за пролиената крв за Македонија, да не се заборави.