Промени на врвот во АД ЕСМ – стабилност и континуитет во фокусот

Досегашниот претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, Иван Куковски, се повлекува од функцијата поради идни професионални ангажмани. АД ЕСМ изразуваме огромна благодарност до г. Куковски за неговиот досегашен ангажман и исклучителен придонес во работата на компанијата.

Неговата посветеност, стручност и лидерство беа од клучно значење не само како претседател на Надзорниот одбор, туку и како потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот енергетски сектор. Неговата визија и искуство беа инспирација за многумина, а неговиот придонес ќе остане влијателен за идните генерации. Му посакуваме многу успех во новите професионални предизвици и лични потфати.

На чело на Надзорниот одбор стапува досегашниот член, г. Александар Мурговски. АД ЕСМ му посакува успешна и посветена работа и ефикасно менаџирање со Надзорниот одбор во претстојниот период. Веруваме дека неговото богато искуство и длабинско познавање на енергетскиот сектор ќе придонесат за натамошен раст, стабилност и развој на компанијата, како и за успешно справување со идните предизвици во енергетскиот сектор.