Приведен е 24 годишен битолчанец, бегалец од затвор

По наредба за распишана потерница од Казнено поправната установа  Затвор-Прилеп, денеска во 11:15 часот, полициски службеници од СВР Битола уапсиле битолчанецот Н.Н.(24).

Како што соопшти МВР, Н.Н. бил баран за издржување на вкупна казна затвор во траење од 9 години и 3 месеци, од кои што издржал 2 години и 5 месеци, за тешки кражби и разбојништва.