При претрес на тезга во новиот пазар во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ш.(60)
На 02.01.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ш.(60) од Битола. При претрес на тезга во новиот пазар во Битола и во неговиот дом на ул.„Охридска” во Битола пронајдени и одземени се над 200 парчиња пиротехнички средства. Лицето е приведено во Полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.