При ископ во кругот на РЕК Битола била пронајдена неексплодирана алтилериска граната
На 14.03.2024 во 12.13 часот во СВР Битола било пријавено дека при ископ во кругот на РЕК Битола, рудник Брод-Гнеотино, била пронајдена неексплодирана алтилериска граната со калибар од 155 мм по потекло од Првата светска војна. На 15.03.2024 гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.