При акциска контрола алкотестирани 170 возачи, а присуство на алкохол е констатирано кај 10 возачи во Битола
Во текот на изминатата вечер (02/03.12.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле алкотестирани 170 возачи, а присуство на алкохол е констатирано кај 10 возачи кои биле соодветно санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и осум други видови прекршоци.