Познати двојките од плеј-офот, Еурофарм Пелистер отвора против Вардар 1961

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се изврши извлекување на натпреварувачки броеви на екипите учесници во плеј-оф и плеј-аут фазата на Суперлигата.

Во плеј-офот на Суперлигата, во борба за титулата и местата во европските купови влегоа Вардар 1961 и Алкалоид со по максимални три бода, Еурофарм Пелистер и Охрид со по два, Тиквеш и Бутел со по еден, додека без бодови се Струга и Пролет.

Ова се двојките од првото коло:

Бутел – ГРК Охрид
Еурофарм Пелистер – Вардар 1961
Пролет 62 – Алкалоид
Тиквеш – Струга

Почетокот на разигрувањето е предвидено за почетокот на февруари 2024 година.