Погледни Внатре во Срцето
Автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска
Само погледни ВНАТРЕ…
И ќе видиш и ќе приметиш убав мој човеку таму внатре во срцето, во ходниците на длабочината, во отчукот, во пејсажот од уникатноста се наоѓа храмот на благодарноста се чувствува мирот на вистината! Ете таму внатре е ренгенот на појавата твоја која е неповторлива, своја и Божествена, непроценлива, отпечатена со небесна љубов, облечена во небесен дизајн! Само таму внатре е реалноста, без никаков маркетинг, без никаква публика, без никаква скала на броеви! Убав мој човеку ТИ си ТИ со раскошот Божји, со стилот на љубовта, да таа љубов која животот го менува, до најдлабокото допира!
Ова е денес мојата прегратка за тебе кога ќе пристигнеш на ова место сакам да знаеш дека – благодарам за тебе!