Пелистер се враќа на тренинзи, ги отпочнува подготовките за пролетниот дел
ФК Пелистер повторно се враќа во редовен тренажен процес на сениорската екипа. Нашата екипа по пауза од неколку недели ги отпочнува подготовките за пролетниот дел кои ќе се одвиваат во две фази.
Првата фаза и првите тренинзи започнуваат во Битола на 10 јануари во 14:00 часот, додека втората фаза од подготовките ќе се реализира во Охрид со неколку контролни пријателски натпревари со цел да го задржиме континуитетот на играчите и новајлиите во составот пред почетокот на втората полусезона.
До овој момент нашата екипа е посилна за Јорданчо Наумоски (Победа) и Вилдан Керим (Детонит Плачковица). Секако, листата за можни нови појачувања е сеуште отворена.