Пелистер ја враќа славата на клупската школа, се пласира во финалето на Купот на Македонија (Фото)
Нашата прва мисија е остварена. Прочуената школа на ФК Пелистер повторно е значаен фактор во македонскиот фудбал. Главната цел по доаѓањето на новата управа и претседателот Митко Стојковски, да му се даде целосна вредност на клупската школа, секојдневно се остварува. По ланската шампионска титула на пионерската екипа, сезонава нашите екипи остварија хет-трик финалиња на младинските категории во Купот на Македонија.
- Честитки за пионерската екипа која денес го совлада Работнички со 2-0 и се пласира во финалето на Купот на Македонија.
- Честитки за екипата на помлади пионери која со триумфот од 9-0 против Победа се избори за финале на Купот на Македонија.
- Честитки за младинската екипа на Пелистер која ја победи Беласица со 2-0 и ќе игра за трофејот на Купот на Македонија.
Клубот ги охрабрува сите категории млади фудбалери да продолжат напорно да работат и да редат успешни резултати и во шампионатите на Македонија, клупската школа секогаш ќе биде прв приоритет на нашиот клуб, порачаа од нашиот бренд ФК Пелистер.