Пчеларство и хуманост – Заеднички настан на пчеларското здружение и Зоолошката градина Битола

Едукативно дружење: Пчеларско Здружение „Мариовско-Пелагониски Пчелари“ и Зоолошката Градина Битола

Пчеларското здружение „Мариовско-Пелагониски Пчелари“, во соработка со Зоолошката градина во Битола, организираше едукативно дружење наменето за членовите на здружението „Порака“ од Битола, кое работи со лица со интелектуална попреченост. Настанот имаше за цел да ги запознае учесниците со пчеларството и важноста на пчелните производи за здравјето и природата.

Во рамките на дружењето, членовите на „Порака“ имаа можност да научат за животот на пчелите, процесот на производство на мед, како и за другите пчелни производи. Посетителите уживаа во интерактивни презентации, практични демонстрации и разговори со локалните пчелари.

Дополнително, на учесниците им беше подарен мед, кој беше донација од пчеларите што учествуваа во неодамнешната манифестација „Запознај го локалниот пчелар“. Манифестацијата се одржа на 31 Октомври, 1 и 2 Ноември, во чест на ослободувањето на Битола.

Настанот ја истакна важноста на заедничката соработка и хуманитарниот дух.

Со вакви активности, „Мариовско-Пелагониски Пчелари“ и Зоолошката градина Битола уште еднаш покажаа дека заедницата може да биде посилна преку едукација, поддршка и грижа за сите нејзини членови.

Grid

Разбојништво во фризерски салон во Битола – се заканил со солзавец кога бил задржан

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – Разбојничка кражба …

„ГРОМ“ слави 45 години со голем концерт под ѕвездите на Хераклеја

Со голема чест и неизмерна возбуда, го најавуваме јубилејниот концерт на еден од најзначајните бендови во историјата на македонската музичка …

Концерт на Теа Таировиќ на 11 јули во Битола

По преполните арени и спектакуларните настапи низ балканските метрополи, музичката сензација Теа Таировиќ ќе одржи голем концерт во Битола на …

БЛОК 2 КОЈ БЕШЕ ОПОЖАРЕН – Денес во 18 часот е синхронизиран на електродистрибутивна мрежа

По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.06.25, денеска по …

РЕК БИТОЛА – Најверојатно се случи саботажа, немаше хаварија

Реакција на ,,РЕК “Битола”.Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени …

САБОТАЖА ВО РЕК БИТОЛА – Термоблок 2 исклучен од системот поради заштитна реакција, истрагата во тек

Соопштение од РЕК Битола – Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е проработување …