Пчеларство и хуманост – Заеднички настан на пчеларското здружение и Зоолошката градина Битола

Едукативно дружење: Пчеларско Здружение „Мариовско-Пелагониски Пчелари“ и Зоолошката Градина Битола

Пчеларското здружение „Мариовско-Пелагониски Пчелари“, во соработка со Зоолошката градина во Битола, организираше едукативно дружење наменето за членовите на здружението „Порака“ од Битола, кое работи со лица со интелектуална попреченост. Настанот имаше за цел да ги запознае учесниците со пчеларството и важноста на пчелните производи за здравјето и природата.

Во рамките на дружењето, членовите на „Порака“ имаа можност да научат за животот на пчелите, процесот на производство на мед, како и за другите пчелни производи. Посетителите уживаа во интерактивни презентации, практични демонстрации и разговори со локалните пчелари.

Дополнително, на учесниците им беше подарен мед, кој беше донација од пчеларите што учествуваа во неодамнешната манифестација „Запознај го локалниот пчелар“. Манифестацијата се одржа на 31 Октомври, 1 и 2 Ноември, во чест на ослободувањето на Битола.

Настанот ја истакна важноста на заедничката соработка и хуманитарниот дух.

Со вакви активности, „Мариовско-Пелагониски Пчелари“ и Зоолошката градина Битола уште еднаш покажаа дека заедницата може да биде посилна преку едукација, поддршка и грижа за сите нејзини членови.

Grid

Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари

Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари. Општина Битола побарала и ѝ биле одобрени пари за новите содржини …

Презентација на националната стратегија за Зоолошки градини во Кино Манаки Битола

Почитувани,Со особена чест Ве покануваме да присуствувате на презенатацијата на Националната Стратегија за Зоолошки градини, која ќе се одржи на …

Иван Куковски е новиот координатор на РЕК Битола, додека Владимир Пејоски во РЕК Осломеј, потврдуваат за АПЛА од АД ЕСМ

Во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство на електрична енергија во зимскиот …

Битола станува центар на крипто-сцената оваа пролет – Голем собир на љубителите на крипто и блокчејн технологијата

Битола оваа пролет ќе биде домаќин на нов, голем крипто собир во живо, настан кој има за цел да ги …

ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 – 110 kV далекувод ,,Мепсо“ го пушти во пробна работа

АД МЕПСО – Скопје ја известува стручната јавност дека реконструираниот 110 kV далекувод бр. 109 на релација ТС Битола 1 …

АД ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус, потпишани договорите, и за најголемата фотонапонска електрана “Битола 3“

Денеска, беа потпишани договорите за државна гаранција и договорите за заем во вкупнa вредност од 97 милиони евра, наменети за …