Патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(51), удрило во пешакот З.С.(38) од Битола
На 28.11.2023 во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепска“ и ул.„Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(51) од Битола, удрило во пешакот З.С.(38) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.