Отвори Ги Прозорите на Твојот Дух и Не ја Пуштај Верата

Автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска

Убав мој човеку
Дај си простор
Во мислите
И опушти се во солзите
Извади ги пропустите
И аплаудирај на успесите!
Дај си простор
Во воздишките
И отвори ги прозорите
Наслони се на вистините
Приближи се до длабочините!
Дај си простор
Во чекорите
Не осудувај се во падовите
Облечи се во надежта
Не ја пуштај верата
Чувај ја уникатноста!
Дај си простор
Во животот
Во времето
Во твоето
Под небото!

Убав мој човеку оваа е денес мојата порака за тебе, кога ќе пристигнеш на ова место сакам да знаеш дека благодарам за тебе!