Она што си денес – Победа и благодарност
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска – Поетеса
Она што си денес
Е за аплауз
Ете ти го подарувам најголемото БРАВО
Она што си денес
Е за пофалба
За восхит
За импресија
Зашто ти добро знаеш
Добро паметиш
Низ се што помина, низ се што почувствува
Во какви утра се будеше, во какви ноќи заспиваше, без разлика колку се траеше, ти над сето тоа се издигнуваше, знаеш Божјата љубов те подигаше!
Она што си денес убав мој човеку
Е запишано во победата
Во редовите на уникатноста
Со ракописот на Боженственоста
Сочувано во неповторливоста
Она што си денес
Е за благодарност
За будност
За усовшреност
Она што си денес
Се мисли креирани, верувања применувани, чекори направени, часови поминати!
Она што си денес
Не е за споредување
Ниту за омаложување
Тоа е за признание
Тоа е за прифаќање
Тоа е потсетување
Убав мој човеку
Тоа што ќе бидеш утре, тоа што копнееш да бидеш за месец, година, е она во што денес се предаваш, батериите ги полниш, целата љубов во тоа ја вложуваш!
Со почит и љубов Марија!