Од четврток кошаркарски спектакл во Битола – Македонскиот Кошаркарски Куп ,,Благоја Георгиевски -Буштур”
Koшаркарски Куп ,,Благоја Георгиевски – Буштур”
Четврток до Сабота, Спортска сала ” Боро Чурлевски”, Битола
Во четврток започнува 31вото издание на Македонскиот Кошаркарски Куп кој го носи името на легендарниот кошаркарски работник и Југословенски репрезентативец – Благоја Георгиевски Буштур.
Домаќини и организатори e КК Пелистер и графот Битола, и тоа по пауза од 17 години, па се надеваме на максимална поддршка и полна сала, не само на овој натпревар туку и на целиот турнир!
Осминафиналните натпревари ќе се одиграат во четвтрок, започнувајќи со натпреварот помеѓу бранителот на титулата и најтрофејниот тим, МЗТ од Скопје против Гостивар, a победникот од овој натпревар ќе вкрсти со победникот од Скопското дерби Работнички против ТФТ. Првиот натпревар започнува во 12:00, a Работнички – ТФТ од 17:00.
За нас секако најважен ќе биде натпреварот на Пелистер против Феникс, што ќе се одигра во терминот од 19:30.
Oва ќе биде реприза на натпреварот од Саботата кога во лигашкиот натпревар го пречекавме истиот противник и забележавме победа со резултат 71:67.
Како и на таа средба, очекуваме тежок и неизвесен натпревар против тим кој на минатогодишниот Куп успеа да стигне до финалето, каде што загуби од МЗТ.
Тренерот Радуловиќ за овој натпревар изјави:
Очекувам дека Битола како прво ќе се покаже како одличен домаќин. Видливо е дека Пелистер како клуб расте од година во година, овој дел од сложувалката со организацијата на Купот е благодарение на Општина Битола и на компанијата „Таск Форс“. Очекувам дека ќе имаме тродневен спортски маратон каде ќе гледаме убави натпревари и каде битолската публика ќего препознае квалитетот и ќе ни даде поддршка. Во однос на противникот, Феникс е традиционално незгоден ривал на Пелистер, и оваа година натпреварот пред неколку дена се покажа како доста тежок за нас. Имајќи го во предвид фактот дека за 13 дена игравме шест меча и истрошеноста беше видлива, во однос на тоа како се одвиваше мечот. Се надевам дена во наредните денови ќе се стабилизираме и добро ќе се подготвиме за она што не очекува в четврток. Во моментов сме фокусирани само на Феникс, тим што цела сезона игра квалитетно, воопшто не размислуваме на ништо друго.
Како и во саботниот натпревар, очекуваме победа против Феникс, што ќе значи полуфинална пресметка во петок против подобриот од натпреварот Еуро Никел – Чаир, што ќе започне предходно, во 14:30.
Веќе наредниот ден се играат полуфиналните двојки, првиот натпревар од 17:00, а вториот од 19:30. Победниците од овие два дуели одат во големото финале, што ќе се одржи во Сабота, од 18:00.
Битолчани и сите остантати љубители на кошарката ќе можат да набават карти на влезот пред секој натпревар, по цена од 100 денари, додека блок картите за сите двојки на турнирот ќе изнесуваат по 300 денари.