НЕ ПРОПУШТАЈ

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска – Поетеса

Колку и да е ,,невозможно” убав мој човеку
Не ја пропуштај насмевката, и раката подадена, прегратка која ги собира солзите, и зборот кој ја подига длабочината! Не пропуштај да го чуеш твоето срце, да се спуштиш по скалите на твоите верувања, да си кажеш колку сум убав/а пред огледалото на твојот поглед!

Не пропуштај да бидеш човек, да оставиш запис, да пробудиш надеж, не го пропуштај ова убав мој човеку колку и да ти изгледа бескорисно, недоволно, застарено, минато и неважно, не пропуштај го она што те оживува, што те подига, што те исцелува, што те менува, што те воскреснува!

Не ја пропуштај љубовта за себе и другите! Колку и да е денес гужва во твоите мисли, во твоите планови, во твоите приоритети, во твоите часови, не пропуштај да кажеш те сакам, ти простувам, денес нешто ново започнувам!

Со почит и љубов Марија!

28.01.2024 Битола