На улица Прилепска службеници од СВР Битола го привеле лицето Д.М.(27) со два ножа
На 11.02.2024 во 03.30 часот на ул. „Прилепска ” полициски службеници од СВР Битола при преглед на Д.М.(27) од Битола во врска со чл.31ст.5 вв. чл.80 ст.1 т.12 и ст.2 од Законот за оружје пронашле и одзеле два ножа. Лицето е приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.