На територија на СВР Битола санкционирани се 315 возачи
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (08/09/10/12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 315 возачи, меѓу кои 203 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 39 мерки за возење без возачка дозвола, 24 возачи за управување под дејство на алкохол.