На територија на СВР Битола санкционирани 130 возачи
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (15/16/17.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 130 возачи, меѓу кои 48 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за непрописно престигнување.