На стариот пат за Прилеп, во близина на „Туланата“, била пронајдена една неексплодирана граната

На 25.05.2024 во 08.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат за Прилеп, во близина на „Туланата“, била пронајдена една неексплодирана граната, која била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола. Притоа, било констатирано дека станува збор за артилериска граната од 155 мм која потекнува од Првата светска војна.