На подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола
Во текот на вчерашниот ден (24.05.2024) во времето од 08.00-14.00 часот на територија на СВР Битола изречени се 30 мерки за возење со повеќе од дозволената брзина и тоа 15 мерки надвор од населено место и 15 мерки во населено место. Исто така, во времето од 14.00-20.00 часот, на подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување при што изречени биле 23 мерки.