На денешната пријателска средба ФК Пелистер го победи Поградец со 2:0
На денешната пријателска средба помеѓу ФК Пелистер и екипата на Поградец, победата ја однесе нашиот тим со 2:0 на Градскиот стадион ,,Билјанини Извори” во Охрид.
Двоен стрелец за нашата екипа беше Петар Љамчевски.
Како и на претходниот натпревар така и на овој, сите фудбалери имаа своја минутажа.
Следен противник за нашите ,,зелено-бели” е ФК Силекс, натпреварот се игра на 31.01 (Среда).
