Н.К.(41) од Битола, на улица „Партизанска“ физички нападнал полициски службеник

Денеска (08.12.2023) во 02.15 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.К.(41) од Битола, поради тоа што на ул.„Партизанска“ агресивно се однесувал, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.