Музика и Магија – Никола Зацески и Конзули.мк во Срцето на Битола

На 14 август, во 21:30 часот, магијата на Широк Сокак ќе биде дополнета со гласот и присуството на поп пејачот Никола Зацески. Во срцето на Битола, пред Веро сите љубители на музиката ќе имаат единствена можност да уживаат во незаборавна вечер под ѕвезденото небо.

Овој спектакуларен концерт, под покровителство на Конзули.мк кој е поддржан од општина Битола ветува вечер исполнета со незаборавни моменти и одлична забава на македонскиот поп пејач, Никола Зацески кој со својот шарм и ангелски глас ќе донесе магија на Широк Сокак во Битола.

Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од „Ѕвездениот Концерт на Широк Сокак“, каде музиката и забавата се сретнуваат под отворено небо. Придружете ни се на 14 август и уживајте во вечер полна со музички изненадувања и прекрасни моменти.

Битола заслужува ваква вечер – дојдете и бидете дел од музичката магија!