Младите и дрогата
Ексклузивен автор за Конзули.мк: М-р Даниела Трајковски за Безбедносни Науки.
Ние секојдневно слушаме и читаме за млади лица кои биле уапсени од страна на полицијата со дрога меѓу кои и малолетници.
Често се прашуваме зошто малолетниците користат наркотици.
Како причини зошто малолетниците користат дрога најчесто се:
- Семејството – Дисфункционалното семејство каде што владее се освен семејните вредности. Отсуство на еден родител од различни причини (развод, затвор, смрт), алкохолозам во семејството, семејно насилство во семејството, занемарување на детето исл.
- Средината – Средината исто така многу влијае врз тоа дали детето ќе посегне по наркотици. Доколку другите деца се навлечени на дрога , тогаш може да го исмеваат, па за да биде ,,кул,, да не биде отфрлено итн.
- Економски фактори, заработувањето на пари или пак дури и онаа презадоволеност со пари од страна на родителите па да проба нешто ново.
- Училиштето е исто многу важен фактор – Во училиштето треба да се спроведуваат се повеќе кампањи и предавања за штетноста од наркотиците. Поставеноста на професорите спрема ученикот, врсничкото насилство во училиштето и успехот се само еден фактор за детето да посегне по наркотици.
- Миграциите исто така се фактор – Преселбата на детето од едно во друго место или држава доведува до потешкотии да се прилагоди на новата средина или пак да се прикаже како интересна личност во новата средина.
- Интернетот и социјалните мрежи мислам дека и најмногу влијаат особени Тик Ток разни апликации за допишувања. Ако во минатото децата се споредуваа со врсниците од училиштето или од маалото денес се споредуваат со врсници од други држави, континенти итн.
Воедно како фактори можам да ги наведам и досадата, опуштање, бегање од секојдневните проблеми, забавата, храброста, намалување на болка, стекнување на самодоверба итн.
Малолетното лице најпрво поради љубопитност пробува дрога, и мисли дека нема да има следна фаза односно кога сака ќе престане. Но почнува се почесто да користи а тука започнува и потребата од финансии за да ја набави дрогата и му преминува во навика и зависност. Кога веќе се навикнува малолетното лице почнува да извршува кривични дела најчесто имотни се со цел да дојде до финансии за да купи дрога.
Според влијанието на центарлниот нервен систем дрогите се делат на:
- Депресанти. Тука спаѓаат: канабис, хашиш, хашишово масло, потоа алкохолот , метадон и опијати.
- Стимуланти. Во нив спаѓаат: Кокаин, екстази, амфетамин, ЛСД. Овие дроги влијаат така што ја забрзуваат работата на мозокот на срцето при што се зголемува издржливоста на физичка активност и будност.
- Халунционгени каде што спаѓаат ЛСД и волшебните пречурки, марихуана во големи дози и мескалин. Тие влијаат така што лицето почнува да гледа нереални слики и слуша нереални гласови. Потоа има проширени зеници, параноја, губење на апетит итн.
Како инхалат во Република Македонија најмногу се користи дувањето на лепак од страна на малолетни лица кои бараат пари по улици за да обезбедат лепак, напаѓаат други лица стануваат агресивни и насилни.
Дека детето користи дрога се познава така што има промени во однесувањето, слаб успех во училиште, физички промени, си крати од парите за ужинка, исчезнуваат предмети од дома, нарушен сон , психички промени, промени во зеници, носи и кога е топло долга облека , губи пријатели итн.
Последиците од користењето на дрога може да бидат фатални прово по здравјето, вршење самоубиство, смрт од предозираност, социјални, криминални последици.
Одговорноста и спречувањето секогаш ја гледам кај родителите. Не може родителот дa не забележи што се случува со детето се разбира доколку е внимателен и посветен родител. Живееме во ера на Интернет кога и родителите седат на Социјални мрежи, и да се ,,откачат” од детето најчето му даваат телефон да прави што сака без контрола што прави, што чита што гледа, живееме во време на изгубени вредности кога семејните и морални вредности се сведени на најниско ниво. Многу родители ги имам слушнато како велаат ,,сите така прават, нема да се дели и моето дете” и поради тоа сите така прават детето доаѓа до степен завиник од дрога.
Потоа Училиштето и полицијата и здравствените установи, кои во меѓусебна соработка треба да водат се повеќе кампањи, предавања за штетноста од дрогата. Полицијата треба да работи поажурно и да биде поприсутна околу училишните дворови и околу дискотеките. Вoедно сите знаеме и во нашите места на живеење имаме такви ,,темни или тмурни” места каде се собираат, купуваат дрога и ја користат.
22.02.2024 Битола